ДЕСКОСКА: МОРА ДА ИМА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се залагаат за ветинг и оти чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на тој процес, пренесува Канал 5.
Дескоска објасни дека ветингот ќе го спроведува експертска мешовита комисија, во која што, како во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гаранти на процесот.
Според министерката за правда веќе созрева сознанието дека мора да се направат чекори за побрзо прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии, а секако тоа се однесува и за обвинителството.
