| |

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ВО ИТАЛИЈА, ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ

Италијанските служби за спасување соопштија дека во експлозија во фабрика за ракети за огномет на Сицилија загинале петмина работници, а двајца се потешко повредени.

Пожарникарите и карабинерите соопштија дека меѓу настраданите е и 71 годишната сопруга на сопственикот на фабриката, а нивниот син е во критична состојба.

Се претпоставува дека експлозијата е предизвикана од апарат за заварување.

Слични Објави