|

Пронајдени 12 тела во студентски дом во ски-центар во Грузија: Се отруле со гас

Дванаесет лица починаа од труење со јаглерод моноксид во ски-центар во Грузија, соопшти полицијата.

Телата на 11 странци и еден грузиски државјанин се пронајдени во студентски дом над ресторан во северниот дел на ски-центарот Гудаури, според официјални лица.

Полицијата навела дека „прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство на телата“ и дека се чини дека се работи за несреќен случај, пренесе агенцијата АФП.

Гудаури е најголемиот и највисокиот ски-центар во поранешната советска држава.

Слични Објави