МРЕЖНО ПОВРЗУВАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНИОТ ФОНД

/

Денеска, во работните простории на Општина Карпош се одржа презентација за вклучување и членство на училишните библиотеки во библиотечно-информацискиот систем на Македонија ( COBISS.MK). На истата, беа присутни претставници од библиотеките при училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, вкупно десет на број. Всушност, станува збор за бесплатно вклучување на училишната бибилиотека во системот COBISS.MK, без плаќање на стандардниот еднократен надоместок за инсталација, во висина од 40.000 денари, и без надоместок за месечна членарина до три истовремени работни станици ( лиценци), во траење од една година од датумот на вклучување на библиотеката во системот COBISS.MK ( стандардната минимална месечна членарина е 33 евра, во денарска противвредност за една лиценца).
Оваа специјална понуда ќе важи за сите училишни библиотеки, што ќе се вклучат во системот до 31.12.2019 година. Под вклучување се подразбира инсталирање на локална база на податоци и програмската поддршка COBISS за училишната библиотека , што се врши откако училиштето ќе склучи договор за членство во овој систем.

COBISS ( Cooperative Online Bibliographic System and Services), претставува организациски модел кој се применува за градење и развој на националниот библиотечно- информациски систем на Македонија. Истоимената програмска поддршка на библиотеките им овозможува автоматизирање на сите библиотечни процеси, водење електронска евиденција на набавката и приемот на библиотечниот материјал, електронска евиденција на корисниците на библиотеките и зајмената граѓа , обработка на библиотечниот фонд и водење јавно достапен електронски каталот, врз принципите на заемна ( кооперативна) каталогизација. Го изработува и развива Институтот за информациски науки-ИЗУМ од Марибор, Словенија. Освен во Македонија, COBISS се применува и во други држави од регионот ( Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија), меѓусебно поврзани во мрежа COBISS.Net, во која членуваат повеќе од 1.300 библиотеки.



Претходна статија

ДИМИТРОВ НА СОСТАНОК НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА ЦРНОМОРСКА  ЕКОНОМСКА  СОРАБОТКА, ВО СОФИЈА

Следна статија

ВОЗАЧ НА АВТОБУС ОБВИНЕТ ЗА ТЕШКАТА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС-СКОПЈЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да