| |

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ СКОРО И ДА НЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И АКО ГО ПОТПИШЕМЕ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Еве го и одговорот ако се повикаме на членот 2  на Договорот за решавање на разликите за името со Грција ( КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 Г. И ЗА
ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ)

„ЧЛЕН 2
1. Првата страна се согласува да не приговара на барањата за членство или членството на Втората страна, под името и термините од членот 1, став 3 од
оваа Спогодба во меѓународните, мултилатералните и регионални организации и институции, во кои членува Првата страна.
2. Втората страна ќе бара прием во меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции под името и термините од членот 1,
став 3 од оваа Спогодба.
3. По влегувањето во сила на оваа Спогодба, а во согласност со членот 1 од истата, Првата страна ќе ратификува каква било спогодба за пристапување на Втората страна кон меѓународни организации, во кои членува Првата страна.
4. Конкретно, во однос на процесот на интеграција на Втората страна во Европска унија (ЕУ) и Северно-атлантската договорна организација (НАТО), ќе се применува следното:

а. Втората страна ќе бара членства во НАТО и ЕУ под името и термините од членот 1 од оваа Спогодба. Зачленувањето во НАТО и ЕУ ќе се одвива со истото
име и термини.
б. По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа Спогодба, Првата страна веднаш:
(i) ќе го извести Претседателот на Советот на Европската унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна во Европската унија, под името и термините од членот 1 од оваа Спогодба.
(ii) ќе го извести Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна. Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа Спогодба, и второ, со целосното усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа Спогодба. По добивањето на известување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во
сила на оваа Спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа Спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО. Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа Спогодба. “

Тоа во кратки црти значи дека Македонија ќе стане дел од НАТО откако нашиот парламент ќе ја ратификува Спогодбата, па потоа ќе следи референдум за нејзиното прифаќање. Власта сака да ја ратификува со просто мнозинство од 61 пратеник, па да одиме на референдум, па да се спроведат уставните измени, но за уставните измени се потребни 2/3 мнозинство! Опозицијата во парламентот во лицето на ВМРО-ДПМНЕ веќе изјави дека нема да ја прифати Спогодбата, а тоа значи дека истата нема како да помине без нивните гласови. Единствениот излез е одржување на предвремени парламентарни избори, но и тие не се гаранција дека ќе донесат некаква поголема промена. Тоа автоматски значи дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО може да се одложи до неопределено време. Како тоа ќе и се одрази на нашата земја можете самите да си ги направите заклучоците.



Слични Објави