Деца од Бугарија што учествуваат на светската детска ликовна колонија „ Мал Битолски Монмартр“, го посетиле клубот на Културен центар „Иван Михајлов“ -Битола, соопштуваат од КЦ „Иван Михајлов“.
Децата со особен интерес го разгледаа клубот и библиотеката на Културниот центар “Иван Михајлов“. Ги запознавме првенствено со ликот и делото на Иван Михајлов и неговите следбеници. Децата и нивните раководители се заблагодарија за возможноста да ја почувствуваат автентичната атмосфера и българскиот дух зачуван со генерации и одржан до денес во Битола. Изразена беше спремност за продолжување на соработка во полето на културата. Учеството на учениците на ликовната колонија се остварува со помошта фондација „Българска памет„ на доктор Милен Врабевски“, стои во соопштението на КЦ Иван Михајлов.