НОВИ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ОД КУМАНОВО, ЛАБУНИШТА, ЧЕЛОПЕК И ШТИП
Починаа четири нови пациенти заболени од корона вирусот, објави телевизија Алсат, повикувајќи се на сопствени извори, пренесува Фокус.
Според информаците на телевизијата, станува збор за пациенти од Куманово, Лабуништа (струшко), Челопек (тетовско) и еден од Штип.
Со ова вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјава достигна 25 лица.