|

Вучиќ ќе му биде прв гостин на Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде првиот странски лидер што ќе го посети Владимир Путин по неговата инаугурација како претседател на Русија. Двајцата ќе разговараат за изгледите за развој на билатералната соработка и ќе разменат мислења за регионалните прашања.

“Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе биде во работна посета на Москва и ќе земе учество во свеченостите по повод на 73-годишнината од победата во Големата татковинска војна”, соопштија од прес-службата на Кремљ.

“Планирано е да бидат разгледани тековната состојба и изгледите за понатамошно развивање на руско-српската соработка, заедничките инвестициони проекти, а исто така ќе бидат разменети мислења за актуелни регионални прашања”, додадоа од прес службата на Путин.



Слични Објави