| |

Радев се сретна со претставници на бугарската православна заедница во Турција и со претставници на Светиот синод на БПЦ

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во зградата на Претседателството на „Дондуков“ 2 се сретна со претставници на одборите на Фондацијата на православните цркви на Бугарската егзархија во Истанбул, претставници на Фондацијата на Бугарската православна црква „Св. Георгиј Победоносец“ во Одрин и со претставници на Светиот синод на Бугарската православна црква. Во разговорот учествуваше и потпретседателката Илијана Јотова, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува БГНЕС.

На средбата беше констатирана значајната улога на двете Бугарски православни фондации во Република Турција за зачувување и развој на бугарската духовност и зачувување на бугарското културно и историско наследство. Се разговараше за можностите за развивање соработката со бугарската страна во насока на заштита на интересите на бугарската православна заедница. Прашањето за зачувување на бугарските храмови во Истанбул и Одрин секогаш ќе биде од големо значење, истакна шефот на државата, потсетувајќи на историската улога на Бугарската егзархија во изградбата на бугарската државност. Во овој контекст, особено е важно да се гарантира продолжување на службата на бугарски јазик во рамките на црковниот канон. Поактивен дијалог меѓу бугарските фондации во Република Турција и Светиот синод на БПЦ би придонел за одбраната на интересите на заедницата.

Претставниците на Светиот синод изразија благодарност до шефот на државата за вниманието и поддршката во решавањето на сите прашања што беа покренати на средбите со него.



Слични Објави