Во софискиот парк „Света Троица“, реон „Илинден“ беше одбележана 123-та годишнина од смртта на Гоце Делчев
Во софискиот парк „Света Троица“, реон „Илинден“ на 4 мај се одржа одбележување на 123-та годишнина од смртта на бугарскиот револуционер и идеолог на македоно-одринското ослободително дело Гоце Делчев.
Специјални гости на одбележувањето беа градоначалникот на реон „Илинден“ во Софија Емил Бранчевски, диригентот Христо Христов, правнук на најмалиот брат на Гоце Делчев-Христо Делчев и претставници на Бугарската православна црква- Бугарска патријаршија.
Во своето излагање доц. д-р Милен Михов, претседател на Македонскиот научен институт во Софија изјави дека на 4 мај се оддава почит на војводата, офицерот, даскалот и деецот на национално-ослободителното движење на Бугарите во Македонија и Тракија Георги Николов Делчев.
„Ние нема да спориме за неговиот идентитет. Ние нема да спориме за неговиот придонес. Не постои спор за тоа, каков е Гоце Делчев. Долги години неговите коски, се чуваа во Македонскиот дом, каде што денес наоѓа Македонскиот научен институт. Неговиот прв биограф Јаворов опишал дека аманетот на Гоце Делчев е еден ден да легне во земјата на слободна Македонија. Неговиот аманет, нѐ задолжува да ги продолжиме напорите за една слободна и демократска Македонија. Вечна слава на хероите, вечна слава на Гоце Делчев“, изјави доц. д-р Михов.
Пред присутните се обрати и маестро Христо Христов, директен потомок на Гоце Делчев. Во своето обраќање маестро Христов го стави фокусот на слободата и саможртвата за истата.
„Денеска е ден во кој е платена највисоката цена за слободата“, изјави Христов, а потоа изрецитира дел од „Ополченците на Шипка“ на Иван Вазов:
„… с една смърт юнашка и с една победа.
“България цяла сега нази гледа,
тоя връх висок е: тя ще ни съзре,
ако би бегали: да мрем по-добре!”
Маестро Христов ја дефинираше слободата како дишењето.
„Слободата е како дишењето, тоа треба да биде активно низ целиот животен пат. Слободата треба да се дише. Дишете Бугари! Дишете!“, изјави маестро Христов.
„Гоце Делчев е симбол на карактер и саможртва. На вербата дека еден народ може да биде слободен, само тогаш, кога ја чува својата меморија, својот јазик, својата култура и своето достоинство. За жителите на реонот „Илинден“, кои се наследници на истите тие Бугари од Македонија, за кои се борел Гоце Делчев и кои емигрираат во Софија и се населуваат токму тука по жестокото задушување на Илинденско-Преображенското востание, таа меморија има посебно значење“, изјави градоначалникот на реон „Илинден“ во Софија д-р Емил Бранчевски, кој им се заблагодари на сите институции и луѓе, кои помогнале да се реализира одбележувањето.
Пејачките Гуна Иванова и Велислава Костадинова од Претставителниот ансамбл на бугарските вооружени сили изведоа песни во чест на Гоце Делчев.
Во настанот зедоа учество припадници на Националната гарда на Бугарија, голем број општественици, ученици, почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев и граѓани од реон „Илинден“ и други делови на бугарскиот главен град.
