| |

ЈАНЕВА СИ ДОДЕЛИЛА ДОДАТОК ЗА ДОВЕРЛИВОСТ- 157 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 4 ГОДИНИ

Новата апликација на Министерството за финансии „Отворени финансии“ открива дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно. Овие 157.000 евра во периодот од нешто повеќе од 4 години Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“. Дел од тие бонуси е и за кирија (400 евра) и надоместок за тоа што работела надвор од градот во кој живее (по 42 евра), објави Призма.

Најголемиот дел од бонусот е додатокот за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „други трансфери“. Овој додаток секоја година станувал сѐ поголем и поголем – 1.600 евра, па 2.200 и сѐ до 4.000 евра неколку пати во текот на секоја година или вкупно 46 пати.

Овој додаток е дел од Законот за СЈО, а одлуката за висината на тој додаток ја носела сама Јанева.

Слични Објави