ВЕЉАНОСКИ ГО ПРЕДУПРЕДИЛ СВОЈОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ: БИДЕТЕ НА ШТРЕК И НИКОЈ ДА НЕ МИ СЕДНУВА НА МЕСТОТО

Од СМС и вибер коминикација помеѓу Трајко Вељаноски и шефот на неговото лично обезбедување, обвинетиот Горан Ѓошевски станува јасно дека на 27 април , 2017 Вељаноски му праќа СМС порака на Ѓошевски и му вели: „Бидете на штрек“. На ова Ѓошевски возвраќа со: “Да, сите од МВР знаат. Пред сала се сите од внатрешното обезбедување”. Вељаноски му пишува на обвинетиот Ѓошевски: „Кажи им на внатрешно да влезат двајца-тројца внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место“. СМС и вибер комуникацијата беше отворена од страна на обвинителката Рускоска како дел од судењето за настаните на 27 април минатата година. На претходните рочишта се гледаа снимки од безбедносните камери, како и снимки од мобилните телефони на обвинетите. Овие снимки, како и СМС пораките се дел од доказите кои обвинителството ги има против обвинетите лица.