Граѓаните мака мачат со пеколното време. Оние кое не заминаа на одмор не можат да се разладат ниту во центарот на градот. На плус 40 степени, на најфреквентните места, дел од чешмите за пиење вода не работат.
Сува е чешмичката во паркот на Франкофонијата. Кај МЕПСО, пак, граѓаните фонтаната ја претвориле во контејнер. Има и такви каде што водата не е за пиење, пренесува Скопјеинфо.