| |

Ѓоргиев: До петок е можно да се договориме за цар Самоил

„Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата.

Слични Објави