Осум лица се убиени, а тројца повредени синоќа при напад од вооружена група во сала за билјард во мексиканскиот град Ирапуато во областа Гуанахуато, пренесува Локално.
Непознатите напаѓачи влегле во објектот и отвориле оган врз луѓето внатре. Само на неколку метри од местото на нападот се наоѓа локалната единица на Министерството за јавна безбедност во Ирапуато.