ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“

//

Во Основниот кривичен суд во Скопје, денеска треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот го води обвинителката Лиле Стефанова.

Последното рочиште за овој предмет на 5 јуни беше одложено поради отсуството на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.





Претходна статија

ВЛАДЕ МИЛЧИН: ЗАЕВ Е ДОЛЖЕН ДА СЕ СООЧИ СО ПРОБЛЕМОТ И ДА ГО РАСЧИСТИ

Следна статија

УБИЕНИ ОСУМ ЛИЦА ВО ВООРУЖЕН НАПАД ВО МЕКСИКО

Најново од Вести