Гувернерката на ЕЦБ Кристин Лагард ja поздрави Бугарија по повод пристапувањето кон еврозоната
Гувернерката на Европската централна банка, Кристин Лагард, упати честитка до Бугарија и бугарските граѓани по повод одлуката земјата да се приклучи кон еврозоната од 1 јануари 2026 година.
Во порака објавена на социјалната мрежа X, Лагард порача:
„Стигнувате до овој финален момент, кога станувате членка на еврозоната и кога ќе започнете да го користите еврото од први јануари. Знам дека тоа е резултат пое напорна работа која траеше извесно време, но сега сте тука и ние сме среќни што ве пречекуваме во кругот на еврозоната. Добредојдовте!“
Паралелно, Европската централна банка објави официјално соопштение со кое потврди дека од почетокот на 2026 година Бугарија ќе биде полноправна членка на еврозоната и ќе ја воведе единствената европска валута.
