| |

ДИМИТРОВ: ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ВО КРАЈНА ФАЗА

Првиот човек на македонската дипломатија Никола Димитров за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел изјавил дека преговорите за името на нашата земја се наоѓаат во крајна фаза. Димитров изразил надеж дека до Самитот на ЕУ на 28 јуни може да се најде решение на долгогодишниот спор. Шефот на македонската дипломатија изјавил уште дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји и додал дека во текот на неделава се очекува телефонски разговор на двајцата премиери.

 

 



Слични Објави