НАСТАН „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО“
Денеска, 25.06.2018 г., на плоштад „Слобода“ со почеток во 12:00 часот ќе се одржи настанот во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување. На настанот обраќање ќе имаат претставник од Министерство за труд и социјална политика, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, како и директоркат ана ЈУ МЦСР Штип, Сузана Цветкова. На настанот своето лично искуство за згрижувањето ќе го сподели активниот згрижувач Иле Тодосов, а настапи ќе имаат и дечињата од ЈУДГ „Вера Циривири Трена“ и ЈУДГ „Астибо“ од Штип.