|

РАМУШ ХАРАДИНАЈ НОМИНИРАН ЗА ПРЕМИЕР НА КОСОВО

Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија ( го номинираа Рамуш Харадинај за заеднички кандидат на претстојните парламентарни избори во Косово.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Харадинај, истакна дека на списокот на кандидати за пратеници во седмиот состав на косовското собрание се наоѓаат луѓе кои ќе ја зајакнат економијата на Косово.

Во своето обраќање на церемонијата за именување, Харадинај уште еднаш повтори дека даноците од сто проценти на стоките од Србија ќе останат во сила се додека Белград не ја признае независноста на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Лидерот на социјалдемократите Шпенд Ахмети изјави дека за натамошен развој на Косово потребно е знаење, храброст и посветеност.

Слични Објави