УЛОГАТА НА ГРУЕВСКИ ПРЕД ТОЧНО 28 ГОДИНИ: БИЛ НА ПЛОШТАД И ГОРДО РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА
„Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава.
Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов“, напиша во својот долг статус поранешниот премиер и сегашен бегалец Никола Груевски.