|

Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области.

Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество).

Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посака успех во неговата понатамошна кариера.



Слични Објави