Банско повторно домаќин на Светскиот куп во сноуборд
Ски-центарот Банско и во сезоната 2026/2027 ќе биде домаќин на две паралелни велеслаломски трки од Светскиот куп во алпски сноуборд, соопшти Бугарската ски федерација, пренесува БНР. Според прелиминарниот календар на ФИС, натпреварите ќе се одржат на 16 и 17 јануари 2027 година.
Од федерацијата истакнаа дека Банско е меѓу омилените дестинации на организаторите и натпреварувачите поради „перфектната организација“ на трките и додадоа дека настаните од ваков тип се „една од најдобрите реклами за Бугарија во светот“.
Сезоната ќе започне во Шенжен со две трки во паралелен слалом на 27 и 28 ноември, а ќе заврши во Винтерберг.
Последниот старт од Светскиот куп во Банско се одржа во јануари годинава, кога Тервел Замфиров победи, а Радослав Јанков го освои третото место.
