НАВИКИ ЛОШИ ИСТО КОЛКУ НЕВЕРСТВОТО

Во љубовната врска, партнерите создаваат одредени навики. Некои од нив се негативни и дури може да се споредат со неверството. Кои се, видете во следните редови.

Ретко кажувате благодарам

Зборовите како „молам“, „благодарам“ прават луѓето да се чувствуваат ценети од нивниот партнер. Кога некој близок ќе ни покаже колку сме важни за него и обратно, тогаш атмосферата во врската е сосема поинаква. Изоставувањето на овие зборови, како и другите кои покажуваат наклонетост, полека но сигурно ја уништуваат врската.

Вие се земате „здраво за готово“

Кога некое лице ќе престане да вложува напори во својата врска затоа што веќе му е пријатно, створува навика лоша како и неверството. Престанувате да бидете романтични, да правите мали изненадувања за вашата сакана, не одвојувате време само за себе, не давате комплименти, не вложувате напори за вашиот изглед како на почетокот на врската. Се препуштате на досадата и рутината и барате забава со друг партнер надвор од вашата врска.

Недостаток на доверба

Недостатокот на доверба навистина може да ја разниша врската. Размислете зошто се случува, зошто секогаш да се сомневате во неговата/нејзината лојалност, зошто не можете да ги споделите вашите тајни?!Ако не успеете да ја искорените оваа лоша навика, вашата врска нема да се развие добро на долг рок.

Повеќе сте поврзани со вашиот телефон отколку со вашиот/та сакан/а

Кога сте со вашиот партнер, како поминува ова време за вас? Дали повеќе зјапате во вашите телефони, телевизорот, наместо да ја продлабочувате вашата интимност (исто така и надвор од спалната соба)?

Се однесувате арогантно едни кон други

Друга лоша навика, како и неверство, е постојано да се обидувате да покажете супериорност над вашиот партнер, во однос на образованието, финансиската состојба, семејството, правењето стари грешки, слабостите. Понижувачкиот став кон партнерот не е и не може да биде основа за создавање на љубовна врска и порано или подоцна еден од партнерите разбирањето и љубовта ги наоѓа во трета особа.

Лажете за ситници

На секој му се случува да го излаже својот партнер и ако е тоа благородна лага, тоа е нормално. Но, оние мали лаги што стануваат почести со текот на времето се навика што ја уништува врската, понекогаш дури и без да сфатиме дека сме.



Слични Објави