| |

ЗАЕВ: ГИ ПОВИКУВАМ ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ СВОЈАТА ОБВРСКА И ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМ

Премиерот Заев на прес-конференција во Владата на Република Македонија ги повика граѓаните да докажат дека никој не може да ги натера да направат нешто што не е според нивната волја. Според него граѓаните преку референдумот ќе докажат дека никој веќе нема да ја држи Македонија во заложништво. Заев ја обвини Опозицијата дека со години тајно преговарале и ја држеле Македонија заробена во неуспех. Заев им порача на чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ дека вратата за нив е отворена. Како никогаш порано сме одлучни Македонија да успее-порача Заев. Премиерот изрази уверување дека Македонците заедно со своите сограѓани ќе направат избор за нивното место во историјата. Заев побара од граѓаните да кажат да за НАТО и ЕУ.

Слични Објави