|

ГРАБАР-КИТАРОВИЌ НЕМА ДА БИДЕ АМБАСАДОР, ЌЕ ОСТАНЕ ВО ХРВАТСКА ЗА ДА СЕ БОРИ ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА

Актуелната хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека кога Зоран Милановиќ и официјално ќе ја преземе функцијата претседател, таа ќе остане во Хрватска за да се справи со заштитата на слабите и заштитата на жените и децата од насилство.

„Добро сум. Кога една врата се затвора, друга се отвора. Во иднина се гледам себеси како поборник за заштита на слабите, промотор на акција против насилството врз жените и децата, но и заштита на животните“, рече Грабар-Китаровиќ додавајќи дека кучето Кика што го посвои за време на претседателскиот мандат сега ќе си го однесе во својот дом, пренесува порталот „24сата.хр“.

Таа исто така рече дека неделава ќе одржи уште неколку претходно закажани состаноци и уште неколку државни патувања.

Извор близок до Грабар-Китаровиќ изјавил дека нејзиното семејство сигурно се чувствува послободно поради тоа што таа заминува од функцијата бидејќи, како што истакнала, отсега натаму ќе може нормално да живеат.

Извор: Макфакс



Слични Објави