АНГЕЛОВСКА ДЕМАНТИРА: СЕ РАБОТИ ЗА ЛАЖНА ВЕСТ
Министерката за финансии Нина Ангеловска, на новинарско прашање во врска со опструкциите кон работата на заменик министерката Гордана Димитриеска Кочоска, истакна се работи за лажна вест која вчера била демантирана.
„Не се работи за никаква забрана, обидот за меил испратен од Кабинет во кој што се содржи процедура за работа и комуникација, се претстави од страна на одредени медиуми како завера за мене е повеќе политичко поентирање“, додаде Ангеловска.