|

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра,  дали Спасовски ја спасил Пулс од казна?

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ реагира на скандалот со дискотеката „Пулс“ и бара од Јавното обвинителство и градоначалникот Љупчо Коцевски да престанат да молчат и да одговорат дали навистина објектот ја платил казната од 40.000 евра или, пак, како што се тврди во аудио-коммуникацијата што излезе во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Од партијата порачаа дека, доколку казната не е наплатена, Спасовски мора итно да биде повикан на одговорност и целиот случај да се истражи до крај.

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање.

Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството.

Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата улога во аферата?

До кога ќе молчи ЈО и Коцевски?

Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката Пулс. Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството.

Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДС и ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави