(Галерија) „Пикова дама“ на Државната опера во Варна ја крена на нозе публиката во Скопје
Оперската претстава ,,Пикова дама” од П.И Чајковски во изведба на Државната опера Варна синоќа предизвика бурен аплауз кај публиката во Националнага опера и балет во РС Македонија. Маестралната изведба на оперските уметници и музичари од Варна ја кренаа на нозе публиката во речиси полната сала на Операта во Скопје.
Диригент на претставата е Григор Паликаров а режисер е Вера Немирова. Сценограф и костимограф Јулијан Табаков. Кореограф е Ана Пампулова а диригент на хорот Теодора Георгиева .
Улогите ги толкуваа солистите на Операта во Варна: Валериј Георгиев , Пламен Димитров , Иво Јорданов , Пламен Рајков , Евгениј Станимиров, Велин Михајлов, Петар Петров , Владислав Владимиров, Бојка Василева, Ирена Жекова, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова и Лилија Илиева.