|

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан во следните 24 до 48 часа

Ситуацијата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците треба да ја напуштат земјата во следните 24 до 48 часа, изјави во четвртокот портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, пренесува „Ројтерс“.

„Ситуацијата може да се влоши во секој момент. Континуирано работиме на создавање опции за американските граѓани да го напуштат Судан,“ истакна таа на брифингот.

Според Жан-Пјер, Вашингтон е длабоко загрижен поради зачестените прекршувања на примирјето, а американскиот Стејт департмент распоредил дополнителен конзуларен персонал. Таа додава дека САД ги ангажирале американското разузнавање, надзор и извидувачки средства за поддршка на воздушните и копнените рути за евакуација, што ги користат Американците.

Вашингтон ги разместува и поморските сили во регионот, позиционирајќи ги да обезбедат каква било неопходна поддршка по должината на суданскиот брег.

„Ова е динамична средина и секоја опција повлекува одреден степен на ризик. Но, бидејќи ситуацијата веројатно нема да се подобри, апелираме до Американците кои сакаат да заминат да ги искористат опциите што им се достапни во следните 24 до 48 часа,“ повтори таа.

Како што се развива кризата во Судан, се зголемува и гневот кај Американците кои се чувствуваат напуштени од американската влада и оставени сами да се движат низ комплицираната и опасна ситуација, пренесува Си-ен-ен.

„Шокирана сум и згрозена од американскиот млитава грижа за здравјето и за безбедноста на своите граѓани“, вели Муна Дауд, чии родители миорале да одат до Порт Судан за да заминат од Судан во Саудиска Арабија.

Иако американските власти уверуваат дека се во блиска комуникација со американските граѓани и активно го олеснуваат нивното заминување од Судан, луѓето со кои разговарале од Си-ен-ен, а чии роднини се меѓу десетиците Американци кои сакаат да го напуштат Судан, тврдат дека Стејт департментот не обезбедил речиси никаква помош.

„Да бидам искрен, Стејт департментот беше бескорисен, крајно бескорисен во текот на целиот овој период“, вели Имад, чии родители отпатувале од Картум за Египет.

„Очекувавме дека тие ќе обезбедат некакви насоки, но советите беа шаблонски, ‘само засолнете се каде што сте’, без да обезбедат критични информации. Единстената комуникација беше да се снајдат некако до Порт Судан, ода каде што ќе добијат помош од Саудијците“, тврди тој.

Слични Објави