| |

САД ѝ понудиле на Украина безбедносни гаранции слични на НАТО, без членство во алијансата

САД ѝ пoнудиле на Украина гаранции за безбедност слични на оние што ги имаат земјите членки на НАТО, но без Киев формално да се приклучи на алијансата, објави дипломатски извор за француската агенција Франс прес, јавува БГНЕС. Информацијата доаѓа по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски и европските лидери.

„Како една од гаранциите за безбедноста на Украина, американската страна понудила гаранција од типот на член 5 од Договорот за НАТО, за која се претпоставува дека е договорена со рускиот претседател Владимир Путин“, изјавил изворот.

Членот 5 од Северноатлантскиот договор предвидува напад врз една земја членка да се смета за напад врз сите, што обврзува на колективен одговор.



Слични Објави