ПРИЈАТЕЛКЕ, НЕКОЈА НИ ГО „ЈАВА“ МАЖ ТИ

Истакнато Љубовни приказни

Две другарки излегуваат на кафе. А едната загрижена оф леле мајко, чиниш на силиконите од цицките им поминал рокот па итно треба да оди на операција. Арно ама ситуацијата е толку многу комплицирана што силиконите на најверните другарки е последната дупка на дувалото што би требало да ги вознемири.
Седнува Мара во кафичиот и со полу зарипнат тон почнува да и зборува на Пепа:
„Пепо ма душо златна, кога си дојде оној нашион дома?  Знаеш јас го „изработив“ и му кажав право да си појде дома кај тебе. Е арно ама потоа му ѕвонам за да ми каже дали стигнал и он не ми дигна! Говедо едно! А башка има една многу сомнителна ситуација. Не му се расцвета китката од одма  ма Пепо! Ќе се пукам ма! нели рековме еден ден со тебе, еден со мене, играш прљаво нели?“
Ја слуша Пепа Мара ,устата почнува да и се тресе од нервоза. Ноктите веќе ги изгризала до пола…
„Маро мори сестро по маж! Вчера не си дојде дома мислев си „играте“ кај тебе лудачко една! Зошто не ми се јави ма? “
Ја гледа Мара и се држи за глава… „Пепо мори, несудена душманке! Што правиме сега? Некоја ќе ни го земе ко две и две, а ние како некои шушулки ќе си останеме сами и загорени! Од утре мора поинаку! Мора да го тргнеме од таа кучката! Она нас ќе ни го зема Трпе наш! Ченгија една, низаедна, море со овие две раце очите ќе и ги извадам! Има да пати сестро, ич да не ми се секираш!“
„Маро мори, има на гол г’з жешка вода да му истурам. само ако го фатам! Море на буниште двајцата гениталиите ќе си ги бараат, е така да знајш сестро златна!“
„Пепо мори, ај да не беше тоа две раце и машала, абе одма ќе ти го остаев ти да се расправаш со него“
„Маро остај сега две раце, три раце, вистина ме боли устата, ама пак нема ко него друга ма! Леле златна шо прајме!“
„Пепо а јас па си викам вака. Дури да ни  го земе некоја а да си се договараме за оргии ма? Со еден удар две муви!“
„Маро сестро по маж! Знаев дека си паметна златна моја! Ееее и после плавушите биле глупи! Браво ова мене никогаш немаше да ми текне. Ела да те бацнам и без нервози. Вечер се спремаме за третата…“

Автор: Луда Мара