| |

Либерализмот отсекогаш бил мразен од тоталитарната и империјалистичка Русија

Facebook статус на Даниела Горчева

Либерализмот доаѓа од СЛОБОДАТА и значи повеќе права за поединецот и помалку права на државата против поединецот.
Јас, на пример, сум либерал. Во Холандија со години гласам за десничарската либерална партија на Марк Руте – VVD.
Ве молам, не го мешајте класичниот либерализам со политички коректните, кои се АНТИЛИБЕРАЛНИ по природа и фанатизам, во нивните хистерични утопии.
Како тоа забраната за употреба на неколку зборови ќе го реши проблемот? Глупости.

Ве молам, исто така, не го мешајте НАЦИОНАЛИЗМОТ со империјализмот и ТОТАЛИТАРИЗМОТ. Национализмот датира од времето на европското просветителство и е дел од човековите права, особено правото на секој народ да има своја независна држава и да не биде дел од нечија империја. Затоа национализмот е априори АНТИИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ и АНТИТОТАЛИТАРИСТИЧКИ.
Гледајте ја Украина и не прашувајте повеќе.
Втората светска војна ја запалија две тоталитарни земји – Третиот Рајх и Советскиот Сојуз, кои склучија тајни (веќе јавни и познати) бандитски протоколи за поделба на Европа.
Хитлер не е националист, туку империјалист. Сталин – исто така.
До степен во кој светот е еден, судирот меѓу двете тоталитарни држави кои се обидоа да го завладеат бил неизбежен.
Дека Хитлер не бил националист докажува и Хана Арент, но мора да се прочита и размисли пред да се пишуваат глупости и безумно да се повторуваат советските идеолошки измами и пропагандни лаги.

Исто така ве молам немојте така неодговорно и неуко да го употребувате зборот КРАЈНО, посебно во комбинација со КРАЈНО десно нели!
КРАЈНО, драги мои, не значи седење на крајот од Парламентот.
КРАЈНО значи дека одобрувате и практикувате политичко НАСИЛСТВО И ТЕРОРИЗАМ.
Во Бугарија никогаш не сме имале ЕКСТРЕМНИ десничарски партии, само ЕКСТРЕМНИ „леви“ партии – БКП, на пример, кои практикуваат ТЕРОРИЗАМ и политичко НАСИЛСТВО, убиства без суд и пресуда, наместени сталинистички судења нарачани и режирани од Москва.
Постои уште една бугарска организација која прибегнува кон тероризам, но таа никогаш не била на власт и случајот е одделен. Се работи за ВМРО.
Која друга партија или организација во Бугарија била ЕКСТРЕМНА, односно користела тероризам?
Нема.
Само БКП.
Значи, ја имаме КРАЈНАТА „ЛЕВА“, а не КРАЈНАТА десница.
Впрочем, БКП не е левичарска, туку ТОТАЛИТАРНА партија.
Лево и десно се дел од ПАРЛАМЕНТАРИЗМОТ.
Тоталитаризмот е АНТИПОРЛАМЕНТАРЕН и затоа не е ниту лев ниту десен, туку неговата основа е лева.
Читајте го проф. Пламен Цветков, нека е благословен неговиот спомен.
Доволно беа приказните по инерција. Ве молам размислете пред да пишувате.



Слични Објави