(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ЖРТВИ И ГОЛЕМ БРОЈ ПОВРЕДЕНИ ВО БУГАРИЈА

Тројца лица загинаа, а 16 други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава на патот Елхово-Лесово во Бугарија. Во сообраќајната несреќа учествувале бугарско патничко комбе шлепер со украински таблички кој патувал за Турција.

loading...

Бугарските медиуми јавуваат дека шоферот на комбето и уште двајца патници се загинатите лица. Најтешко повредените во сообраќајката веќе се пренесуваат во Софија.

На лице место пристигна и министерот за здравство на Бугарија, д-р Костадин Ангелов.


loading...