Татко со закана ги зел своите деца од прифатен центар за бездомници каде биле со мајката, полицијата го приведе
Синоќа на подрачјето на Гази Баба, полицијата го приведе А.Ш.(24) од Скопје, по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во селото Визбегово, скопско, со закана со остар предмет и физичка сила од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца.
Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, објави МВР.