Радев од Словенија: РС Македонија да ја признае историската вистина и да ги почитува правата на македонските Бугари, ако сака да добие „ДА“ за почеток на преговорите со ЕУ

//

РС Македонија нема како да ја подмине катарзата. Нашите позиции се јасни. Додека продолжува овој „преродбенички“ процес, додека трае таа суптилна асимилација на нашите сонародници, додека тие се наоѓаат под притисок за нивните основни права и не се интегрираат во системот на РС Македонија заедно со другите делови од народи, ние нема како да кажеме „да“ за почеток на преговорите на РС Македонија со ЕУ, изјави претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, пренесува БГНЕС.

Непочитувањето на правата на македонските Бугари кои се државјани и на Бугарија е предизвик за ЕУ, бидејќи како граѓани на Бугарија тие се граѓани и на Унијата. Токму затоа повикав за европска солидарност кон нив и кон Бугарија. Овде не се работи ниту за вето, ниту за стопирање на процесот. Ние бараме не повеќе од тоа што го бара секој од нашите европски партнери а имено да се почитуваат основните европски принципи и интересите на секоја земја членка на ЕУ. Очекуваме овој процес да запре, подвлече Радев.



Очекуваме да се искорени говорот на омраза, контроверзната претстава и толкување за Бугарија во учебниците, спомениците и во државната политика. Тогаш нашиот народ ќе биде готов да каже „да“. Сакаме јасни, правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да бидат забележани во пописот. Сакаме како што беше призната историската вистина во односите со Грција, да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Да се прекине македонизмот и омразата кон Бугарија и да се донесат јасни решенија, де3циден е Радев. Очекуваме билатералниот протокол од 6 точки да биде готов до почетокот на ноември. Наш главен интерес е заштитата на правата на македонските Бугари. Учебниците не треба да наметнуваат омраза уште во најрана возраст. Во протоколот има решенија кои треба да се исполнат во текот на целиот преговарачки процес, вели уште претседателот. Мене ме интересираат задолжителните работи што треба да бидат завршени до почетокот на преговорите за да кажеме да, категоричен е Радев.

Претходна статија

РС Македонија: ЕУ нè лаже, ние сме совршени! Софија: Дела, а не омраза (2)

Следна статија

Шилегов: Скопје ја добива најголемата пешачка зона во Европа

Најново од Вести