| |

ПОЧИНА ТЕАТАРСКАТА ЛЕГЕНДА МИТЕ ГРОЗДАНОВ

На 74 годишна возраст, вчера почина доајенот на Драмскиот театар, големиот Мите Грозданов. Тој беше актер на Драмски театар-Скопје од 1967-ма до пензионирањето во 2008-ма година. Беше нарекуван мајстор на монодрамата.

Роден е во Струмица на 14-ти декември 1943-та година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…

Слични Објави