Одбележуваме 144 години од раѓањето на витезот на перото, големиот бугарски револуционер и новинар од Прилеп Данаил Крапчев
На 15-ти декември 1880 г. во Прилеп е роден витезот на перото, ДАНАИЛ ВАСИЛЕВ КРАПЧЕВ, создател на весникот „Зора“, нарекуван „бугарскиот Тајмс“. Неговиот татко Васил Крапчев бил истакната јавна личност, почитуван поради неговите позиции против грчката патријаршија и против српската асимилација. Бил еден од соработниците на Даме Груев за време на неговото учителствување во градот и учествувал во подготовката на револуционерната организација. Данаил прво учел во Бугарската гимназија во Битола, а во 1898 г. дипломирал во Бугарската гимназија во Солун. Тогаш станал член на ВМОРО и како средношколец се побунил против режимот на султанатот. Воден од патриотски побуди и од неговата голема љубов кон славното минато, дипломирал историја на Софискиот универзитет во 1906 г. а подоцна специјализирал во Швајцарија. Уште како студент ја објавил својата прва статија во списанието „Македонско-одрински преглед“. Во 1907 г. заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков го уредуваат в. ИЛИНДЕН во Софија. Следната година ги уредува ОТЕЧЕСТВО и РОДИНА во Солун. Од 1909-1912 го издава в. ВАРДАР во Софија. Во 1912 г. повторно е комита со Јаворов во Солун и го издава в. БЪЛГАРИН. По Втората балканска војна е уредник на органот на Демократската партија ПРАПОРЕЦ. Од 1915-1918 г. е бугарски воен дописник. Во 1919 г. го создава најавторитативниот независен весник во Бугарија ЗОРА. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во истото време е собственик на а.д. „Бугарски печат“ и „Преса“. По убиството на Александар Протогеров бил во редакцијата на в. МАКЕДОНИЈА, орган на ВМРО.
Данаил Крапчев станва една од првите жртви на комунистичките жестокости. На 10-ти септември 1944 г. во Горна Џумаја (Благоевград), е варварски убиен од комунистите.
“Денес ја празнуваме паметта на св. Кирил и Методи. Денес, ние Бугарите не можеме да не си спомниме за земјата, која им ја вдахнала на св. Браќа идејата за словенска азбука. Не можеме да забравиме, дека македоно-бугарското наречје од солунските села послужило за основа на таа азбука, која се распространи по сите словенски земји. Ослободени од секојдневните работни грижи, денес ние Бугарите не можеме да не си помислиме за судбата на Македонија, за разпокинатото Бугарско племе.
Потомците на оние, наречието на кое што легна во основата на словенската азбука, се речиси растурени при рамнодушноста или злорадоста на словенските народи. После повеќе од петнаесет столетија живот на исто место, тие се сега наново чергари. Грците ги изгонија од нивните родни места, а ги оставија таму да живеат робски живот само оние кои се далеку од морето. Словените се искоренети од крајбрежјето на Бело Море. И со една жестокост, која нема равна на себе си, освен во историјата на древна Асирија и Вавилон, ги искоренија од тие места Бугарите.
Србите кои ако веќе не се убедиле, скоро ќе се убедат во невозможноста да го асимилират Бугарското население таму, затоа што нивните обиди да се србизират македонските Бугари нема да успеат.
Тоа треба да му го припомниме на чешкиот министер за надворешни работи г-н Бенеш и на Србите, кои веќе приспособувајќи се кон традициите на македонските Бугари, денес сеуште ја чествуваат паметта на св. Солунски браќа.“
РОДИНАТА НА РАВНОАПОСТОЛИТЕ, 1926 г.
“Ние, меѓутоа, би сакале и Србија, правата на која врз Македонија ги заштитува Штурценегер, да направи толку, барем после прекратувањето на војната, колку што направи Бугарија во растојание на три години.
Речиси целата администрација за време на Бугарското управување беше во рацете на месни луѓе, родум од таа земја. Кога ќе почнете со окружните управители и свршите со стражарите, со малку изклучоци, сите беа од Македонија. А сега дури кметовите по селските обштини се изпраќат од старото србско кралство, за да го тероризират месното население и да се хранат на негова сметка.
Да не говориме за србизаторската политика, која е позната на целиот свет. Денес во Македонија нема ниту едно Бугарско училиште ниту една Бугарска црква од илјадниците такви пред балканската војна.
Ние кажавме, дека би сакале и југословенската влада барем да ја остави администрацијата и месните служби на месни луѓе, како што правеше Бугарија и тоа во течение на самата војна, кога што можеше да има опасност за нејзината државна сигурност и за фронтот, ако населението беше србско…”
