| |

ДИВОГРАДБИТЕ ВО ДОЛНА МАТКА СЕ УРИВААТ

Дивоградбите во Долна Матка се уриваат. Општина Сарај, деновиве почна со реализација на одлуките за уривање на објекти без градежни дозволи, дивоградби. Акцијата е преземена по течението на реката Треска, во пределот на Долна Матка, соопштува општината. Во соопштението се вели:

„Се информираат сите граѓани на Општина Сарај да ги почитуваат позитивните законски стандарди за градба, односно секоја градба однапред да биде обезбедена со градежни дозволи, во спротивно ќе се соочат со законските последици. Исто така најавуваме дека инспекторатот во иднина ќе биде активен во оваа насока и дека дивите згради нема да се толерираат низ целата територија на општина Сарај.“

Ова е вест за поздравување, вест што ја чекаше јавноста долго време и што уверува дека правдата ќе се спроведе на територијата на целата општина, без селекција. И дека и дивите платформи изградени на самото езеро, односно во срцето на овој природен и туристички локалитет, ќе бидат отсранети. (Ниеден од јавно објавените телефони на општината не е во функција за евентуално дополнително објаснување. Текстовите на веб страницата се само на албански јазик.)

Се урива селективно

Сепак, сопствениците на викедничките во реонот на Долна Матка се жалат дека се урива селективно. Пример за тоа е изграденото баракче, кое не личи ни на вила, ни на шупа, изградено на самиот брег на реката. Местото, на кое е изградена оваа недефинирана градба, пред тоа служело за одмор на рибарите, а сега дури и патчето што води до тоа поранешно одморалиште е заградено со метална врата.

Целиот материјал на Бране Стефановски прочитајте го овде.



Слични Објави