| |

LEFIMERIDA.GR: ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА ГРЦИЈА СЕ ФОРМИРААТ ГРЧКО-МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШНИ ОДРЕДИ

Опасен тренд се јавува во училиштата во северна Грција, каде што се формираат училишни одреди фокусирани на македонското прашање, пишува онлајн-изданието на весникот Лефимерида. Кампањата е почната преку социјалната мрежа facebook и ги повикува учениците да се вклучат во овие одреди и на 29 ноември да ги окупираат образовните институции.
Во една од овие SMS-пораки, може да се видат одредени изрази користени од политичката партија „Златна зора“.  „ Ве повикуваме во четврток, 29/11, заедно да ги окупираме сите училишта во земјата заради нашите национални интереси: Македонија и застреланиот од албанските специјалци Грк, Константинос Кацифас.  Разговарајте со сите соученици и со пријателите на вашите родители за да се вклучат во окупацијата.  Не плашете се, ова не е криминал. Не грижете се. ”
Како што пишува весникот, родителите и наставниците ја изразиле својата загриженост дека „училиштата и учениците се попаднати во рацете на националистички и крајнодесничарски кругови.



Слични Објави