Притвор за осомничените за пожарот во Трубарево
Четири физички и едно правно лице се сомничат за загрозување на животната средина со отпад во врска со пожарот што избувна во Трубарево.
Судот на првоосомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека преостанатите тројца добија мерка куќен притвор.
Надлежните информираат дека се очекуваат резултатите од мерењата за загаденоста на воздухот со тешки метали, кои треба да ја потврдат или отфрлат загриженоста на жителите за последиците од пожарот.

