Желјазков и Митов присуствуваа на вежбата „Сина граница“ во Созопол
Бугарскиот премиер Росен Желјазков и министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел Митов денеска престојуваа во Созопол по повод тактичката вежба „Сина граница“ на Главната дирекција за гранична полиција на Бугарија, јавува БГНЕС.
Желјазков и Митов од бордот на граничниот патролен брод „Балчик“ ги набљудуваа активностите против прекуграничниот криминал по море. Во рамките на вежбата беа изведени практични задачи за гранично набљудување и координација на сите единици во Регионалната дирекција „Гранична полиција“ – Бургас, како и на Специјализираниот одред за воздушно набљудување, при потера и приведување на брод-нарушител.
Патролниот брод „Балчик“ е приклучен во составот на ГДГП во летото 2023 година и активно учествува во надзорот на бугарската поморска државна граница. Покрај тоа, бродот е ангажиран и во заеднички операции со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Frontex.
