Шест лица со симптоми на труење по семинар во Куманово, ресторан привремено затворен
Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, информира Центарот за јавно здравје Куманово.
Од вкупно 36 учесници на обуката организирана од приватна фирма, дел почувствувале повраќање, дијареја, висока температура и стомачни болки. Двајца од нив биле хоспитализирани, тројца примиле терапија во дневна болница, а едно лице се лекува во домашни услови.
По пријавите е извршен инспекциски надзор и земени се мостри од храна и брисеви за анализа. Надлежните одлучиле ресторанот да остане затворен сè додека не се добијат негативни резултати од испитувањата.
Од Центарот за јавно здравје истакнуваат дека состојбата внимателно се следи и дека се преземени сите потребни противепидемиски мерки.

