УШТЕ ЕДЕН ВРАБОТЕН ВО ШТИПСКОТО ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА

//

Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на коронавирус потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а остантите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми.

Вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари се во домашен карантин, откако имале контакт со 80-годишна жена од Штип, која во вторникот ја загуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Здравствените работници во самоизолација се од минатата недела, а следеше и целосна реорганизација на ова одделение. На инфектологот, кој немал контакт со сега починатата пациентка на помош и доаѓа специјалист инфектолог од Општата болница во Струмица.



На Инфективното одделение во штипската болница од денеска се лекуваат вкупно осум пациенти, од Штип и Кочани позитивни на коронавирус.

Претходна статија

(ВИДЕО) ЈАПОНСКИ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА ВИРУСОТ И КОЛКУ ВРЕМЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ПРИСУТЕН ВО ВОЗДУХОТ

Следна статија

(ПОТРЕСНО ВИДЕО) МАКЕДОНИЈО ДО ОВДЕ ЛИ ДОЈДОА СТАРИТЕ ЛУЃЕ?!

Најново од Вести