Даме Груев: “Зарем сме ние Срби?! Ние, со кои овде секогаш се постапувало како со Бугари, ние кои и од овдешните мали деца сме нарекувани БУГАРИ?!…
На денешен ден во 1871 г. во битолското село Смилево е роден великанот ДАМЈАН JOВАНОВ ГРУЕВ – наречен “Волјата на Организацијата“, егзархиски учител, еден од основачите на ВМОРО, истакнат организатор и нејзин раководител:
“Зарем сме ние Срби?! Ние, со кои овде секогаш се постапувало како со Бугари, ние кои и од овдешните мали деца сме нарекувани БУГАРИ?!… Ние само можеме да се восхитуваме на таквата дрскост на оние, кои нас не’ нарекуваат СРБИ, кога тие со тоа не прават ништо друго, туку го нарануваат срцето, како на нас, така и на секој родољубец од Македонија… Крвта не е вода, вели српската народна поговорка… и нека секој Србин да знае, дека како што секој Србин со радост би ја дал главата, отколку да го промени своето славно име – Србин, тако исто и секој Бугарин бранејќи ја својата народност до последниот час од секој туѓ напад.“
Адресата на поранешните питомци на здружението „Свети Сава“ родум од Македонија, можете да го погледнете на следниот линк во Библиотека Струмски:
Од обjaвениот материјал станува јасно дека авторот на „За македонцките работи“ и објавен за Македонец на XX век Крсте Петков Мисирков, наведен како Крсто Петковиќ од Јениџе, го напуштил Белград и заминал за Софија уште пред адресата потпишана од Даме Груев и неговите соученици да отиде во Српската скупштина.