(Видео) Бугари од Албанија за вечниот спор кој каков е и што значи Бугарија за нив
Меѓу 18-ти и 20-ти август во областа Мала Преспа во Албанија, се извршија бесплатни профилактични кардиолошки прегледи, во поликлиниката во село Пустец. Идејата за оваа иницијатива дојде од фондацијата ,,Бугарска памет” и нејзиниот основач д-р Милен Врабевски. Поддршка за иницијативата даде Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Прегледите беа извршени од тимот на Аџибадем Сити Клиник од Софија, под раководството на светски познатиот бугарски кардиолог проф. д-р Иво Петров.
Како помина иницијативата и што кажаа Бугарите од Мала Преспа пред камерата на фондацијата ,,Бугарска памет” погледнете во видеото што следи: