ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ГО „ЈАДЕ“ ЗА ФОТКАТА НА РАНГЕЛОВА КАКО ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ?
Порталот Либертас објави слики на кои се гледа како пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова го остварува своето право на глас. Истите се направени во самото гласачко место, без нејзино знаење и согласност, а тоа е кршење на законот. Вчера министерот Спасовски објави дека сите што ги сликаат, снимаат или им довикуваат на гласачите, ќе бидат санкционирани. Дали тие фотографии сликани со мобилен телефон без пратеничката да е прашана ќе влезат во извештаите за кршење на изборниот процес? Кој и дали воопшто некој ќе сноси одговорност за тоа?