| |

Куќата-музеј на писателот Димитар Димов во Софија отвори врати по целосниот попис на инвентарот, кој траеше 10 месеци

Куќата-музеј на Димитар Димов во Софија повторно е отворенa. Toa се случи по завршувањето на комплетниот попис на инвентарот во музејот. Тимот ги потсетува граѓаните дека веќе можат да ја посетат куќата-музеј на големиот бугарски писател секој ден од вторник до сабота.

Куќата- музеј на Димитар Димов во Софија ги затвори своите врати, заради потребниот попис во декември минатата година, потсетува БТА.

Домот на Димитар Димов е претворен во музеј во 1969 година, три години по смртта на писателот. Со формирањето на Националниот музеј на бугарската литература во 1976 година, куќата-музеј на Димитар Димов станува дел од неговата структура. Музејот го зачувал амбиентот на станот во кој писателот ги поминал последните 12 години од својот живот. Станот вклучува работна соба, лабораторија и документарна изложба во која се покажани моменти од животот и творечкиот пат на Димитар Димов.

Во музејот е собрана архивата на писателот – ракописи, документи, материјали поврзани со неговата научна дејност, богата фотоархива, лични предмети, предмети потребни за научни активности во сферата на хемијата, физиката, радио инженерство и фотографска опрема. Зачувана е и неговата лична библиотека со над 3.000 тома книги, соопшти Националниот книжевен музеј на Бугарија.

Слични Објави