|

Десетици илјади луѓе ја преплавија Србија: Нови Сад во знак на сеќавање и протест

„Gotov je“ е знаковa фразa, користенa и при падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година.

Десетици илјади српски граѓани се собраа во Нови Сад за да им оддадат почит на 16-те жртви од трагедијата на железничката станица што се случи пред една година, пренесува БГНЕС. Комеморацијата на 1 ноември веројатно ќе биде една од најголемите граѓански собири во историјата на Србија.

Поворката помина низ центарот на градот, каде студентите оставија венци и одржаа 16 минути молк пред станицата. Студентите од различни универзитети ги разменија универзитетските знамиња и симболично си ги предадоа клучевите од градот. На чело на некои од колоните се движеа трактори.

Еден од слоганите видливи на плакатите за време на поворката беше „Gotov je“ („Готов е, Свршен е“) — знакова фраза, користена и при падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година. Сегашниот претседател Александар Вучиќ беше министер за информации токму во времето на владеењето на Милошевиќ и еден од неговите најблиски соработници.

Илјадници ја скандираа и знаковата фраза „Пумпај!“во жаргонско значење „Ајде, туркај!“.

Еден од студентите изјави: „Мина една година, а сѐ уште нема виновни за смртта на 16 невини луѓе. Сакам само да ги утешам семејствата на загинатите и да им кажам: Христос воскресе.“

Колоната од Белград, во која учествуваа околу 4000 студенти, ветерани и моторџии, беше пречекана од илјадници локални жители со аплаузи, запалени факли и огномети.

„Сега ништо не нѐ боли. Можеме уште 80 километри. Мостот на слободата и булеварот на ослободувањето ги носат своите имиња со право. Ние сме ослободителите“, рекоа студенти од Белград, цитирани од N1 и „Данас“.

Кон поворката се приклучија и групи од Суботица, Врбас, Вршац и Зрењанин, кои исто така беа бурно поздравени од граѓаните.

„Ова е нешто како терапија. Се бориме за младите да не мора да ја напуштаат земјата“, рече една жена од Кула.

Актерот Тихомир Станиќ, присутен на пречекот на студентите, изјави за N1 дека ова се „величествени моменти“ и дека Србија се менува неповратно: „Ова е почеток на крајот на мракот кој нѐ покриваше во последните децении.“

Слични Објави