Знамето, Цеца, и нечистата македонска совест во игрите стогодишни
Александар Панев
Цеца и нејзината музика се трагедија сама по себе, мене ми е потрагичен фактот дека е протежирана во режимот на српскиот диктатор Милошевиќ од кој Македонија мака мачеше, и беше продолжената рака на српскиот порнонационализам, а сега гостува баш во моментот кога речиси целата напредна младина протестираат во цела Србија, а во Нови Сад можевме да видиме маса млади за почит, излезена да оддадат почит на починатите од еден коруптивен и националистички режим на уште еден бројлер од ерата на Слободан Милошевиќ.
Немаме ли македонска почит, солидарност, свест, до толку ли заминавме со паметот и не разликуваме ефтини провокации?
И што е поентата со свиркањето на знамето? Го свиркате и плукате знамето на братска држава, и за пандемијата помогнаа, за пожарите помогнаа, и еден куп други работи, на страна фактот што стотици илјади се заколнаа под тоа знаме и имаат пасош од “тие лошите”, знам знам од економски причини ама по основ на прадедо…
Сакаме во ЕУ, ги знаеме сите мани и заговори во светската геополитика ама не знаеме да кажеме едно благодарам на брат си ли? Не блокирале, вака нема да те одблокираат, а се во радост на тажната македонска реалност, што ја води една душманска елита со нивните слуги.

